Изградено на доверба.
Фокус на паметна примена.
Флексибилни решенија. Паметна примена. Долгорочна вредност.
Од 2005. Еволуција низ технолошки промени.
Cube започна во време кога деловната технологија се темелеше на инфраструктура, мрежи и локално управувани системи. Во период кога cloud сè уште не беше стандард, мобилните платформи беа во рана фаза, а AI беше далечен концепт – фокусот беше на стабилни системи, сигурност и доверлива поддршка.
Со развојот на технологијата, се развивавме и ние – од инфраструктура и поддршка, кон дигитални решенија и специјализирани услуги што одговараат на сè покомплексни деловни потреби.
Денес Cube обединува две самостојни деловни линии – Cube Technology и Cube Advisory. Преку Cube Technology развиваме и имплементираме дигитални решенија и ИТ услуги, додека Cube Advisory носи деловна и финансиска експертиза за компании пред важни одлуки, нови можности и промени.
Двете области можат да функционираат независно или да се надополнуваат кога потребите на клиентот го бараат тоа. Она што ги поврзува е истиот принцип со кој Cube се развива од 2005 година: решенијата да одговараат на реалните потреби на бизнисот и да создаваат долгорочен резултат.
Луѓето зад Cube.
Сашко Сиљановски
Founder & CEOОсновач и визионер зад Cube. Со повеќе од 20 години искуство, ја постави основата на пристап што комбинира техничка експертиза, практичност и долгорочна доверба.
Dream it. Build it. Move it.
LinkedInЕлизабета Сиљановска
Managing PartnerСо искуство во стратегија, деловен развој и advisory, Елизабета ја поддржува стратешката насока на Cube – со фокус на скалирање, структура и долгорочна вредност.
Strategy. Structure. Growth.
LinkedInПартнер на кој можете да се потпрете.
Доверлив
20+ години градиме односи што траат – во стабилни периоди и во предизвици.
Достапен
Директна комуникација и поддршка кога е навистина потребна.
Сигурен
Одговорност и континуитет во секоја фаза од соработката.
Да го движиме бизнисот напред.
Разговорот почнува со една иницијална консултација.