Софтверскиот пакет Cube ERP претставува Windows базирана апликација која може да се користи на еден или повеќе компјутери притоа делејќи иста база на податоци. Системот е наменет за секојдневна употреба од страна на фирма која има потреба од брза и едноставна електронска евиденција на нејзиното канцелариско работење. Истиот ги нуди сите релевантни документи кои се потребни за водење материјална и финансова евиденција. Документите се креираат и менаџираат со едноставни операции користејќи лесно разбирлив и прегледен кориснички интерфејс.
Структурната и хиерархиска организација на пакетот може да се подели во 3 дела, или нивоа, секој зависен од претходниот. Во продолжение накратко ќе Ви објасниме во што се состои секој дел и кои фунцкионалности истиот ги нуди.
ШИФРАРНИЦИ
Ова ниво всушност го претставува најниското ниво на хиерархија во системот. Овде се сместени сите податочни објекти кои треба да се внесат при почетокот на користењето на системот за да подоцна истите се користат од страна на останатите 2 нивоа. Овде на располагање се дадени опции за внесување и менаџирање на следните податочни објекти:
Форми за:
- Вработени
- Магацини
- Коминтенти
- Жиро сметки
- Производи
- Групи на производи
- Услуги
- Групи на услуги
- Артикли
- Трошоци
- Банки
- Градови
- Држави
- Единици мерки
- Производители
- Валути
- Типови на фактури
ДОКУМЕНТИ
Овде се сместени сите документи кои се потребни за целосно материјално и финансиско работење на една фирма и истите се поделени во неколку групи. При креирањето и менаџирањето на било кој од документите сместени овде, се користат податочните објекти креирани во рамките на претходното ниво. Овде на располагање се дадени опции за внесување и менаџирање на следните документи:
Влезни документи:
- Приемница
- Повратница
- Трошок
- Книжно одобрение
- Книжно задолжение
Излезни документи:
- Понуда
- Авансна Фактура
- Фактура
- Девизна Фактура
- Сторно Фактура
- Книжно одобрение
- Книжно задолжение
Финансиски:
- Извод
ИЗВЕШТАИ
Ова е последното, а воедно и најважно, ниво во рамките на софтверскиот пакет. Овде се сумираат сите податоци внесени во делот Документи и се генерираат извештаи врз основа на истите. Овде на располагање се дадени опции за генерирање на следните извештаи:
Форми за:
- Ценовник
- Лагер листа
- Материјална картица
- Материјална картица (групна)
- Влезна книга
- Излезна Книга
- Побарувања
- Побарувања (групно)
- Обврски
- Обврски (групно)
- Побарувања/Обврски
- Побарувања/Обврски (групно)
- Состојба на жиро сметка
- Состојба на жиро сметка (групно)
- Документи од референт
Брошурата за софтверот можете да ја превземете овде