CUBE WPC

Софтвер за евиденција на работа на винарска визба

wpc3

Сето ова е овозможено на тој начин што системот е поделен во 3 дела кои функционираат еден врз друг, и тоа:

1. Шифрарници

Во ова ниво се сместени опциите за внесување и менаџирање со основните објекти на податоци кои ќе бидат неопходни за понатамошната работа на системот. Такви се:

  • Вработени
  • Магацини
  • Коминтенти
  • Возила
  • Групи на возила
  • Производи
  • Групи на производи
  • Услуги
  • Групи на Услуги
  • Артикли
  • Групи на артикли
  • Банки
  • Градоци
  • Држави
  • Даночни стапки
  • Единици мерки
  • Бои на вина
  • Сорти на вина
  • Реколти
  • Ферментори
  • Цистерни
  • Казани

Овде се внесуваат сите потребни податочни објекти (како на пр. ферментори и цистерни) кои подоцна ќе бидат искористени од страна на повисоките нивоа.

2. Подрум

Во овој дел од системот е направена паралела помеѓу реалниот и електронскиот подрум на винарската визба. Тука се внесуваат и следат податоците кои се однесуваат на основните производствени процеси како што се ферментацијата или дестилацијата. Притоа овозможувајќи едноставна прегледност на моменталната состојба на капацитетите сместени во визбата и историјата на истите. Целата функционалност на делот Подрум е распоредена во следниве модули:

  • Евидентна книга
  • Контролирана ферментација
  • Примарна ферментација
  • Секундарна ферментација
  • Винска дестилација
  • Флашара
  • Автоцистерни

 3. Извештаи

Овде се врши сумирање на сите информации претходно внесени во рамките на производствениот процес и се прикажани резултатите од истиот. На располагање се ставени следниве модули:

  • Лагер листа
  • Испорака