hero-sec12-rocket.png
CUBE Хостинг

Супер брз хостинг сервис

Облак сервери со Intel(R) Xeon(R) Gold 6136 CPU 3.00GHz процесори, SSD дискови и мрежа на редурантен 1 гигабитен линк.

Веб хостинг е интернет услуга која овозможува на индивидуалци и организации да поседуваат свој веб сајт кој ќе биде прикажан и достапен на глобалната веб мрежа. Хостинг просторот дозволува на корисниците да прикачуваат информации, слики, видео материјали и друг вид на содржина која е достапна до интернет корисниците.


Кјуб системи користи Linux сервери со најнова технологија, SSD дискови, Intel(R) Xeon(R) Gold 6136 процесори, тестирана RAM меморија, дневни бекап решенија, неделни и месечни сочувувања на фајлови и конфигурации на хостинг акаунтите. Серверите на Кјуб се конектирани на 1 Gbit/s мрежи и се со сигурност од 99.9% мрежна стабилност (uptime), како и заштита од напади. Администраторите кои работат на менаџирање на серверските конфигурации се искусни и обучени на најпрофесионално ниво и веднаш одговараат на потребите кои ги имаат нашите клиенти. Кјуб Системи користи тестирана софтверска технологија на серверите со вклучена cPanel поддршка за полесно управување со хостинг услугите.

* Посочените цени не се со вклучен 18% ДДВ и се однесуваат на услуги во период од 12 месеци.

ХОСТИНГ

Веб хостинг пакети

Cube Basic

3.200 денари
годишно
  • 2 GB хостинг простор
  • 5 GB месечен сообраќај
  • Неограничен број E-mail адреси
  • Неограничен број MySQL бази на податоци
  • PHP верзии 4.4 - 7.3+
  • CPanel
  • Техничка поддршка 24/7

Cube Business

5.800 денари
годишно
  • 5 GB хостинг простор
  • 10 GB месечен сообраќај
  • Неограничен број E-mail адреси
  • Неограничен број MySQL бази на податоци
  • PHP верзии 4.4 - 7.3+
  • CPanel
  • Техничка поддршка 24/7

Cube Power

10.800 денари
годишно
  • 10 GB хостинг простор
  • 15 GB месечен сообраќај
  • Неограничен број E-mail адреси
  • Неограничен број MySQL бази на податоци
  • PHP верзии 4.4 - 7.3+
  • CPanel
  • Техничка поддршка 24/7

Услови и правила за користење

Со самото користење на хостинг услугите на Кјуб Системи се согласувате да се придржувате кон долунаведените услови за користење. Во спротивно Кјуб Системи има право да Ве исклучи без претходно известување и повеќе да не Ви ги доставува своите услуги. Вие се согласувате дека во било кој случај нема да превземете никакви мерки према Кјуб Системи.

  • Услови за користење

    Датумот на истекот на доменот е заведен во системот на Кјуб Системи. Кјуб Системи по сопствена волја може да го известува клиентот одреден период пред истекот на доменот, односно да испраќа известувања пред истек се со цел клиентот да изврши навремена обнова на доменот. Клиентот е должен истиот да го обнови пред истекот на датумот.
  • Спам

    Забранет е било каков начин на праќање на СПАМ пораки. Доколку се забележи таква активност корисникот веднаш ќе биде деактивиран без претходно известување. Корисниците користат споделена IP адреса и при злоупотреба од страна на еден корисник, сите корисници со истата IP адреса влегуваат во глобалните црни листи на провајдерите за заштита од спам, па испратените пораки стигнуваат во спам сандачињата или се комплетно одбиени од страна на примателот. Доколу корисникот е суспендиран поради спамирање и притоа има направено штета на сите корисници на серверот, за повторно активирање корисникот е должен да плати 1000 денари + ДДВ. Поради заштита од спам, корисниците се ограничени на испраќање на 250 пораки во еден час. Кјуб Системи не се смета за одговорен доколку вашите испратени пораки пристигнуваат во SPAM сандачето, или пак се одбиени од корисникот. 
  • Отстранување од Blacklist

    Доколку некој клиент е поставен на Blacklist поради спамување, прекумерено грешење на лозинки, или поради било каквo друго дејствие, со тоа се попречува работата на сите корисници.  За одстранување од соодветната листа потребно е време од 1 до најмногу  48 часа, во зависнист од типот на листата. Доколку клиентот примети било какво од овие дејствија е должен да пријави во Кјуб Системи.
  • CGI Скрипти

    Сите скрипти со кои доведуваат до потенцијален сигурносен ризик на серверот или ги злоупотребуваат ресурсите на серверот, автоматски ќе бидат исклучуени без претходна најава.
  • Backup на податоци

    Корисниците на услугите се задолжени самостојно да прават резевна копија (backup) и заштита на нивните податоци, датабази, е-поштенски пораки. Кјуб Системи не превзема одговорност за губење на вашите податоци. Постои можност изгубени податоци да се вратат, но тоа дополнително се наплаќа. На барање на клиентот може да врати бекап од одреден период и оваа услуга дополнително се наплатува 6000 денари + 18% ДДВ. Доколку и по враќањето на backup податоците клиентот не е задоволен од состојбата, Кјуб Системи не превзема никаква одговорност и претходно уплатените средства не се враќаат. За хостинг пакети исклучени поради неплатени сметки Кјуб Системи не превзема одговорност за чување на податоците на клиентот. Доколку постои бекап за одреден период по исклучувањето и доколку клиентот достави барање за превземање на датотеките и податоците од исклучениот сајт, должен е да плати 12000 денари +18% ДДВ за услугата. Кјуб Системи не гарантира за интегритетот на податоците кои ќе бидат вратени по уплатата на услугата и уплатените средства не се враќаат. Во случај на хардверски дефект/проблем (RAM, CPU, HDD) на серверите каде се хостирани податоците, Кјуб Системи се обврзува во периодот од 1 до 3 работни денови да го отстрани дефектот. Доколку има проблем со хард-дискот, истиот се заменува и се враќаат податоците за кои постои резервна копија (back up) која е генерирана по автоматизиран пат. Кјуб Системи не гарантира за податоците и нивната исправност кои се вратени од back up серверот. Согласно конфигурацијата на серверите, еднаш во годината се извршува автоматско чистење (Auto-Cleanup) на застарени е-поштенски пораки поради заштита од вируси испратени преку електронска пошта. Кјуб Системи не одговара за избришани застарени е-поштенски пораки. Секој корисник е должен да прави бекап на е-поштенските пораките на дополнителен медиум (хард диск или онлјан сервис). Подготвените бесплатни упатства за локално и далечинско зачувување на е-поштенски пораките се достапни за сите корисници на хостинг услугите. Доколку има повеќе бекап датотеки, постарите датотеки автоматски се бришат на одреден период. Кјуб Системи не превзема одговорност доколку се избришани потребни содржини од постара бекап датотека.
  • Информации за пристап

    Корисникот има одговорност доставените информации за пристап до веб просторот да ги чува како доверливи и да не ги споделува со никого. Корисникот е исто така одговорен за сите активности произлезени од употребата на неговото корисничко име, доколку не се воспостави поинаку. Корисникот исто така се согласува да ги извести администраторите на Кјуб Системи доколку забележи било какви сомнителни активности, oсобено за оние кои ги вклучуваат корисничко име и лозинка доставени до корисникот. 
  • Информации од корисниците

    Корисникот се согласува во процесот при првична регистрација (и сите останати дополнителни регистрации) за користење на услугите на Кјуб Системи, да доставува валидни и точни информации. Исто така се согласува дека доколку постои промена на информациите барани во регистрацијата, навремено ќе го извести Кјуб Системи. 
  • Корисничка поддршка

    Кјуб Системи со цел да овозможи квалитетни услуги, доставува 24 часовна корисничка поддршка. Во работно време тимот за поддршка е достапен преку е-пошта, тикет систем, телефон, онлајн чет (skype). Вон работно време тимот за поддршка е достапен преку е-пошта и тикет системот. На отворените барања за поддршка преку е-пошта или преку тикет системот одговорите се најдоцна до 24 часа. Доставувањето на овој тип на поддршка е самоиницијативно и Кјуб Системи не е задолжен истата да ја доставува 24 часовно.
  • Период на важност на услугите

    По истекот на временскиот период за кој сте ги закупиле услугите на Кјуб Системи, потребно е да го инфомирате Кјуб Системи доколку сакате да го продолжите или откажете користењето на услугите. Плаќањето треба да се врши до или на денот кога тој рок истекува. По истекување на дадениот рок за користење или продолжување на договорот, Кјуб Системи има право да ги суспендира или откаже услугите доколку долгот не е подмирен. При овој процес може целосно да бидат избришани сите Ваши податоци хостирани на серверите на Кјуб Системи.
  • Друго

    За било каква штета настаната во бизнис работењето на корисникот, поради моментално, делумно или целосно нефункционирање на услугите, Кјуб Системи не превзема никаква одговорност. Кјуб Системи го задржува правото без претходно известување да ги измени условите за користење. Корисниците на услугите на Кјуб Системи, се должни без никакви ограничувања да ги прифатат новодоставените услови.
  • Општа злоупотреба

    Било каков обид за нарушување на функционалноста на серверите. Веб страниците на корисниците кои дирекно навредуваат или објавуваат навредлива содржина е строго забрането. Ваквите корисници веднаш се исклучуваат и суспендираат доколку се забележани и/или пријавени.