Софтвер за ресторанско работење

software restorant

CUBE Софтвер за ресторанско работење


Кориснички Интерфејс & ‘Flow’  на работа
  • Заштитен мод на работа
    • Секој келнер мора да ја внесе својата лозинка во паното пред да влезе во делот каде што се креираат нарачки. По завршување на работа се појавува повторно панот со што се оневозможуваат дупли внесови, недоразбирања...
  • Администраторот во секое време може да провери кои маси се зафатени , кои производи се однесени на тие маси и од кого се однесени , фискален промет...
  • Префрлување на маси
    • Ако клиентите се префрлаат од маса на маса постои едноставен начин на кој што се префрла и сметката од маса на маса. Само се клика на префрли и се избира масата од каде што се префрлаат и масата на која што се префрлаат клиентите со што се префрла и целата сметка
  • Затворање на маса
    • Со затворање на сметката за одредена маса се добива визуелен приказ такашто ослободената маса се обојува во бојата кој е декларирана како слободна. ( Сите параметри поврзани со визуелниот приказ како и бизнис правилата се прават  во делот за администрација )
  • Структуриран начин на работа – брз систем за нарачување
    • Доволно е клик на ентер во делот на нарачките и се појавуваат двојните прозори за брзи операции: избери опција каде што келнерот избира маса/шанк/тераса/персонал/стоење(ако клиентите стојат во барот...) и уште еден ентер за потврда се појавува избери операција каде што со уште еден ентер се избира операцијата што треба да се заврши.

Извештаи
  • Потрошени производи
    • Овој извештај покажува колку потрошени има за еден ден или параметарски за мерсец/година.. по сите ставки нарачки, по гости, частења, персонал..
  • Лагер листа на влезни производи / суровини
    • Овој извештај покажува колку е тековната количина на производите кои се наоѓаат во влезни производи
  • Промет по Келнери
    • Овој извештај го прикажува вкупниот промет што келнерот треба да го раздолжи
  • Фискален промет
    • Овој извештај го прикажува вкупниот фискален промет
  • Гратис промет
    • Во овој извештај се јавуваат сите частења кои се направени од администраторот како и негови лични потрошени производи
  • Промет Персонал
    • Во овој извештај се прикажани сите производи потрошени од персоналот
  • Промет по гости
    • Во овој извештај се прикажани сите нарачани производи од некој стален гостин
  • Промет по фактури
    • Овој извештај го прикажува вкупниот промет како и статусот на сите излезни фактури

Дополнителни модули
  • Апликацијата може да се прилагоди на работа со PC Pocket ( Windows mobile 5.0 ) преку wireless конекција со SQL серверот.